Вести Македонија Топ вести

(видео)Сеад Џигал во Топ Тема: Проблем имаме со недоволно развиена политичка култура

Кандидатите не седнаа на соочување и дебата пред граѓаните. Дали е исцртан курсот на претстојната кампања за парламентарни избори.

Вечерва во Топ Тема дебата со комуниколозите Сеад Џигал и Бојан Кордалов.

„Претседателските избори се најдобра платформа за промовирање на општи граѓански интереси вредности каде што би очекувале помалку црна кампања. Водење дијалог, толеранција кон различноста промовирање на јавниот интерес, бранејќи го системот на вредности се браниме и себе си како поединци. Проблем имаме со недоволно развиена политичка култура. Може да тргнете со најдобар, најпозитивен план за кампања, но кога противникот ќе ве погоди во „некоја жичка“ чувствуваме дека мора да возвратиме. Кандидатите се цел на критики особено на социјалните мрежи и лесно реагираат, што и не е оправдување, треба да имаат „дебела кожа“ и нерви што се потребни за таква одговорна функција. Па ова едно објаснување но не и оправдување. Може да се каже дека се низа фактори но, во секој случај ние како граѓани не треба да придонесуваме во таква атмосфера во општеството да не поддржуваме, да не ја поттикнуваме, да не ја нормализираме. Затоа што нашето општество ќе биде подобро, поразвиено и попрогресивно кога ние како заедница како општество ќе направиме неколку чекори напред, рече комуникологот Сеад Џигал“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Силјановска: Првиот натпревар го добивме, а вториот ќе биде уште поуспешен

Дејан Дејан

Столтенберг: Членките на НАТО доцнат со испорака на ветеното за Украина

Дејан Дејан

Пендаровски од Тетово: Нашите концепти не се разликуваат во нијанси, нашите концепти се драстично различни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе