Поврзете се со нас

Македонија

Вардар без проблеми го реши гостувањето кај Струга

Објавено

на

Составот на Вардар 1961 без проблеми го реши гостувањето кај Струга во рамките на 11. коло од плејофот во Суперлигата.

Иако „црвено-црните“ настапија со комбиниран состав остварија убедлив триумф од 36-15. Ова за гостите беше само посилен тренинг во кој во првиот дел се стекнаа со позитива од 16-8, а пак во вторите 30 минути беа уште поефикасни и поцврсти во одбраната.

За Вардар ова беше 9. сезонско славје во кое најефикански беа Стојановски и Голковиќ со по 5 гола, додека кај домаќините Бошњак беше автор на 7 погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни