Додека картата на Македонија се бои во портокалово, црвенеат само неколку општини. Кадидатот на СДСМ Стево Пендаровски води во Маврово – Ростуша со 200 гласови предност пред Гордана Силјановска Давкова. Стево е прв и во Крушево, кое традиционално гласа за СДСМ. Во Крушево за Пендаорвски гласале 1053 од пријавените гласачи, а за Силјановска 648.

Во Кривогаштани предноста на Пендаровски пред Силјановска е 40 гласа, а во Старо Нагоричане, исто така упориште на СДСМ Пендаорвски води со 11 гласа предност.

Во Центар Жупа битката за првото место се бие меѓу Пендаоровски и Османи, така што Пендаровски е 30 гласа во предност.

Презентираните подартоци се на излезност од 48,14, од 56,56% обработени гласачи, или 1.026.206, вкупно гласале 494.021.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.