Search

(Видео) Фудбалер на Чукарички постигна два гола од корнер

Натпреварот помеѓу Чукарички и Спартак Суботица во 25. коло од фудбалската Супер лига на Србија го одбележаа два неверојатни погодоци и двата во режија на домашниот крилен напаѓач Лука Аџиќ. Во текот на натпреварот, поранешниот играч на Црвена звезда, Аџиќ постигна два гола директно од корнер, првиот во 29., а вториот во 51. минута. Головите постигнати со удар дирекно од корнер се реткост на фудбалските натпревари, а два постигнати од еден фудбалер на еден натпреавр се вистински раритет. Инаку и покрај тоа што Чукарички со двата гола од корнер водеше 2:0, натпреварот заврши 2:2.

Треба да знаете
Последни објави