Македонија

,,Помоќниот брат’’ СДСМ со пратеник помалку од ДУИ

СДСМ на овие парламентарни избори го оствари историски најслабиот изборен резултат. СДСМ освои помалку од 20 пратеници или 19 пратеници според последната симулација на ДИК. Со ова досегашната владеачка партија се пресели на третото место на ранг листата за број на пратеници.

Она што досега не се случило е податокот дека СДСМ има 18 пратеника или помалку од довчерашниот коалициски партнер ДУИ кој има 19 пратеници.

Како што беше и претходно анализирано и укажувано, ДУИ, иако најверојатно оди во опозиција, сепак се уште е партија со најголем број гласови кај Албанците.

Ова покажува дека тие успешно си ја тераа својата агенда и си билдаа рејтинг, но со забрзани чекори го трошеа рејтингот на СДСМ кој не се спротивстави,барем јавно на ниту еден потег на ДУИ.

Однесувањето на челниците на ДУИ како да се тие недопирливи и можат да прават што сакаат, покрај лошата кадровска политика, погрешните и неразмислени потези , секојдневно им носеа мегативни поени на СДСМ. На овие изборија загуби и ДУИ кој по долги години се сели во опозиција, но уште повеќе СДСМ, кој доколку не н аправи длабок и комплетен рез, од владеачка ќе стане маргинална партија.

На почеток