Состави за европската мегапресметка: Тухел го напаѓа Реал со ветеранот Милер, Анчелоти со една принудна измена (Фото)

Тренерите на Баерн Минхен и Реал Мадрид, Томас Тухел и Карло Анчелоти, ги објавија почетните состави за првата полуфинална пресметка во Лигата на шампионите.

Тухел се одлучи да направи две измени во првиот тим во однос на 11-мината коишто играа во реванш-дуелот од четвртфиналето со Арсенал и му донесоа победа од 1:0, која го однесе во полуфиналето. Матајс де Лихт поради повреда на коленото не е во комбинација за настап и неговото место во одбранбената линија ќе го заземе Ким Мин-јае.

Втората измена која Тухел ја направи е таа во нападот, каде што го стави искусниот Томас Милер наместо Гереро. Останатите фудбалери беа дел од првиот тим на Баерн и во мечот со Арсенал.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, направи само една измена во почетниот состав од тој што играше против Манчестер сити на „Етихад“. На местото на Дани Карвахал, кој не може да игра поради жолти картони, Анчелоти го стави Чуамени.

Покрај Французинот, последниот бедем пред голот на Лунин ќе го сочинуваат уште Начо Фернандес, Ригигер и Менди. Во средниот ред ќе бидат Крос, Валверде и Камавинга, додека во нападот, најголема опасност за Нојер ќе претставуваат Белингам, Родриго и Винисиус жуниор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести