На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштени лица за гласање во домашни услови

Денес е последниот рок за пријавување на болните и изнемоштени лица, кои своето право на глас го извршат во домашни услови. До полноќ ОИК ќе работи и сите апликации заклучно до тој период ќе бидат прифатени. Сите лица кои аплицираат и ги исполнуваат обврските имаат право на глас ден пред изборите односно на 23 април и на 7 мај.

„Значи денеска е последниот рок кога се пријавуваат болните и немоќните лица кои сакаат да го остварат своето право на глас во домашни услови. Истите лица гласаат на денот пред изборите, односно на 23 април и на 7 мај. Днеска е последниот рок изборната општинска комисија работи до полноќ и ќе ги прифаќа овие апликации за болните и немоќни лица.“ – изјави Вацев.

Пријавувањето се врши со директно доставување на потребната документација во ОИК или со уредно досатавени апликации на е-маил. Потребната документација за аплицирање се состои од извјештај од специјалист дека лицето е болно и изнемоштено, решение за туѓа нега или решение за користење мобилност.

„Може да се пријават директно во општинската изборна комисија со приложување на потребната документација, односно извештај од специјалист дека лицето е болно и немоќно, неможе да ги извршува своите основни животни функции и активно решение за користење туѓа нега или решение за користење мобилност. Пријавувањето може да се врши и преку е-маил адреса со уредно доставени апликации. На седница која ќе се одржи на 17 април, општинската изборна комисија ќе донесе одлука дали овие лица може да гласаат во домашни услови.“ – додава Вацев

Инаку на сите пријавени лица, документацијата ќе се разгледува и на 17 април ОИК ќе донесе одлука дали пријавените ќе гласаат во домашни услови. Посочиа дека до сега има пријавено околу 100 лица кои сакаат да го остварат правото на глас ден пред изборите во домашни услови.

Лаура Стојанова М-Нет