Училиштата и градинките во Гази Баба подготвени за справување со можни врнежи од снег

Екипите на ЈКП „Гази Баба 2007“ до сите училишта и градинки на територија на општина Гази Баба доставија количини на ризла и сол за справување со врнежите од снег.

Формиран е Кризен штаб за координирање на активностите во зимски услови со што општина Гази Баба е подготвена за справување со евентуалните врнежи од снег.

- Изминатиот период ги посетив двата економски оператори кои се задолжени за чистење на снегот и направив контрола на нивната подготвеност. Од нив добив уверување, дека се подготвени брзо и енергично да се справат со снегот, напиша градоначалникот Бобан Стефковски.