Жените и спортот – изложба на фотографии од жени спортисти

Денес во Europe House-Крива Паланка, со почеток во 15:00 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии од жени спортисти со наслов Жените и спортот.

Во пресрет на овогодинешните Олимписки и Параолимписки игри во Париз, првите игри на коишто адекватно ќе биде застапена родовата еднаквост со ист број на машки и женски спортисти, амбасадата на Франција им приреди омаж на врвните спортистки од Македонија преку изложба на фотографии од жени спортисти.


Овие жени, преку нивните достигнувања и посветеност се синоним за трите олимписки вредности: извонредност, почит и пријателство!

Повелете во Europe House Крива Паланка на Меѓународниот ден на жената.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …