Се преврте приколка од камион на патот Валандово-Демир Капија, сообраќајот во прекин

0
114

Приколка од камион се преврте утрово кај местото викано Јаворица, на патот Валандово-Демир Капија.

Од АМСМ информираа дека несреќата се случила во 7.20 минути. Во моментот, сообраќајот е во прекин во двата правци, објави Телма.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Нов снег не’ очекува од вторник, кога температурата ќе се спушти и до минус 10 степени.

Метеоролозите најавуваат благо стабилизирање на времето од крајот на наредната недела. Врнажите од дожд и снег за време на викендот помогнаа во расчистување на воздухот. Мерните станици за загадувањето на воздухот се во зелена боја.

Од министерството за животна средина велат дека неколку години веќе се инвестира во намалување на аерозагадувањето, но голем е бројот на домаќинства кои како гориво за греење користат пластика, гуми, паркети, и разни материјали кои во себе содржат лепак и бои.

извор: Телма