Проблемот со енормно загадениот воздух речиси во сите поголеми македонски градови одново ја исфрли на површина постојаната дилема дали државата прави доволно да ги заштити граѓаните од загаден воздух. Официјалните податоци покажуваат дека во Македонија годишно од загаден воздух умираат околу 3.400 луѓе, што претставува 17-19 отсто од вкупната смртност. Повеќето истражувања покажаа дека главни извори на загадување се загревањето на домаќинствата ...

Пред да се преземат низа мерки што дефинитивно ќе значат и намалување или запирање на процесот на загадувањето на воздухот, добро упатените соговорници одговорно тврдат дека надлежните мора да обезбедат опиплива алтернатива на загревањето на домовите во урбаните средини. Токму таа замена, како што тврдат соговорниците, според резултатите на анкетите со граѓаните во урбаните средини во повеќе градови низ Македонија, „треба да биде поевтина ...