Газењето кал е минато на улицата „Панко Брашнаров“, денес започнаа со уредување и асфалтирање

Денес започна припремата за уредување и асфалтирање на улицата „Панко Брашнаров“, која опфаќа финансикса рамка од 1,5 милиони денари. Јорданов посочи дека оваа инвестиција е реалзирана заедно со Ромалитико, кое претставува здружение кое спроведе соработка со локалната самоуправа, помагајќи на населнието.

„Се наоѓаме на улицата Панко Брашнаров, која што овие денови ќе се припрема за асфалтирање, станува збор за инвенстиција во вредност од 1,5 милиони денари која што Општина Штип ја реалзира заедно со Ромалитико. Ромалитико е здружение кое што дефинитивно воспостави добра соработка со нас како локална самоуправа, помагајќи на месното население, претежно ромското население. Истите имаат проблеми со комуналните потреби и ние ги решаваме потребите на месното население овде, со асфалтирање на улицата Панко Брашаров. Учството што го зедоа Ромалитико е околу 40% од вкупната вредност на инвестицијата, а остатокот на Општина Штип. Во наредните денови очекувам по завршувањето и припремата, тампонирањето да се изврши и асфалтирање и со тоа да се реши овој долгогодишен проблем.“ – изјави Јорданов

Жителите во населбата велат дека оваа за нив е многу добро, затоа што со години се соочуваат со овој проблем. Велат дека редно време е да се асфалтира улицата и тие да имаат услови за норамлен живот.

„Ова за нас значи многу добро, прво и прво нема да газиме по кал, убаво нешто треба да биде за дечињата и за нас исто. Овоа со години не е дојдело до пат, сега успеаме да биде, благодариме на Господ и на градоначалникот, кој што се труди тука за нас и ние да живееме како луѓе, не како стока. Насекаде има асфалт.“ – додава граѓанин

Јорданов вели дека со оглед на тоа што ќе послужат временските услови, во наредниот период ќе дозволуваат да се работи и во други населни места. Воедно вели дека се продолжува со поголема динамика за реализација на годишниот план за работа и програмата за уредување на градежно земјиште.

Лаура Стојанова, М-Нет