Луѓето масовно повлекуваат пари

8547
epa10870491 Julian Alvarez (C) of Manchester City celebrates with teammates after scoring his second goal during the UEFA Champions League Group G match between Manchester City and Red Star Belgrade in Manchester, Britain, 19 September 2023. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Изминатиот викенд беше и повеќе од совршен кога е во прашање актуелниот европски клупски шампион, тимот на Манчестер Сити.

„Граѓаните“ го декласираа Лутон со 5:1 и се чинеше дека барем привремено го зазедоа првото место во Премиер лигата. Но, во неделата се случија две мали чуда. Прво Ливерпул загуби дома од Кристал Палас со 1:0, а потоа и Арсенал со 2:0 на домашен терен загуби од Астон Вила. Двата гола во Лондон дојдоа во самата завршница, прв погоди Бејли во 84. минута, а три минути подоцна погоди и Воткинс.

Освен за навивачите на Ливерпул и Арсенал, изминатиот викенд беше далеку од идеален и за обложувалниците. Така, британската обложувалница Бет Фред остана без 750 илјади фунти (околу 880 илјади евра). Имено, како и другите островски обложувалници, тие нудат опција за предвремена исплата, што значи дека исплаќаат добивки пред кончниот исход, пред да биде одиграно последното коло, но по пониска цена.

Во конкретниот случај, многу луѓе решија да го искешираат својот облог од почетокот на сезоната дека Манчестер Сити ќе ја одбрани титулата. Сити сега е на врвот со 73 бода, додека Арсенал и Ливерпул имаат два бода помалку и секој тим има шест натпревари до крајот на сезоната.