Вилма Русковска и официјално разрешена од функцијата јавен обвинител

Поранешната шефица на обвинителството за борба против организиран криминал, Вилма Русковска, денеска едногласно разрешена од Советот за јавни обвинители.

Пред речиси една и пол година, против неа и уште две нејзини колешки беше поведена дисциплинска постапка поради претресот во Управата за финансиска полиција.

Русковска, во периодот до одлука на Советот, беше суспендирана од обвинителската функција, а во обвинителството за борба против организиран криминал ја наследи Ислам Абази.

Постапката следеше откако беше констатирано дека обвинителките Русковска и Трајчева, но и Елизабета Јосифовска сториле законски повреди во постапката за истрагата и упадот во финансиската полиција тогаш предводена од Арафат Муареми кој што, пак, потоа си поднесе оставка.