Поврзете се со нас

НБА

Херојот Мареј го постеризираше Леброн, па порача: Забавно е да се победува Џејмс (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Џамал Мареј се претвори во вистински кошмар за Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и останатите играчи на Лејкерс во плејоф серијата која беше приведена до крај рано утрово, бидејќи ѕвездата на Денвер повторно реши еден меч во последниот напад.

Идентично како и на вториот меч за водство од 2:0, Џамал решаваше и рано утрово за конечни 4:1, а со тоа го понесе епитетот на вистински јунак и клучен фактор на теренот.

Мареј погоди за конечни 108:106, но претходно и буквално го постеризираше „кралот Џејмс“, кој инаку е еден од неговите најголеми идоли во НБА лигата.

– Вакви шутеви како овој последниот се оние за кои сонувате како дете. Сето ова успева поради моите соиграчи. Некогаш најлесна задача е да погодите кош, многу потешко е да сопрете играч како Леброн Џејмс. Тоа е огромен прердизвик и секоја чест за соиграчите. Се сеќавам дека како дете го носев неговиот дрес кога играше за Кливленд против Орландо. Го добив неговиот дрес од пријател на мојот татко за роденден и се сеќавам дека на тој меч постигна кош за победа.

– Тој отсекогаш ми бил омилен играч и задоволство е да се игра против него. Ве тера да размислувате за време на мечот и натаму е физички доминатен, но пред се, ве тера да мислите на играта, на додавањата. Задоволство е да се игра против Леброн и забавно е да се победи. Ме блокираше неколку пати, забавно е да се има дуел со еден од најголемите на сите времиња, – порача Мареј.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни