ТЕРА

REKLAMA???

ИЛИЕВСКИ: ВО МОЈАТА СКРОМНА КАРИЕРА НЕ СУМ ВИДЕЛ НЕКОЈ ДА ГЛАСА ПРОТИВ СВОЈОТ ГРАДОНАЧАЛНИК

„Имаме апсолутен летимитет да гласаме за завршната сметка. Сакам да ве потсетам се она што се случуваше со кратко црти, ретроактивно, ретроспективно во овој Совет, дека тука во 2023 година беа изгласани ребалансот на буџетот во неколку наврати. Едниот дури го прегласувавме. Во истиот ребаланс на буџет беа вметнати голем број на проекти и предлози од наша страна пред се кои што ги имавме во нашите кампањи“ рече советникот Методија Илиевски, образложувајќи зошто тие ќе ја гласаат завршната сметка, која во спротивно ако не се изгласаше Советот ќе се распуштеше, бидејки ВМРО ДПМНЕ нема доволно советници за да ја изгласаат без другите партии.

Претходно градоначалникот Коњановски рече дека очекува да не ја усвојат звршната сметка за 2023 година, зошто таа всушност претставува сублимат на изнесеното во кварталните извештаи, а пак ако ја изгласаат тогаш ќе се самонегираат и ќе потврделе дека градоначалникот работел транспарентно и посветено, во интерес на граѓаните.

„Теориите на заговор кои сакаа ВМРО ДПМНЕ преку нивните гласноговорници во изминатите неколку денови да насочат кон конструктивност, транспарентност и работата на овој Совет им паѓа во вода“ рече Илиевски повикувајќи се на достава на документ од општината до централниот регистар за годишната сметка за 2023 година.

„Доколку вие не ја изгласате завршната сметка, со народски зборови кажано сами си пукате в нога, а спротивно на тоа го убивате градоначалникот Тони Коњановски. Извинете но, до сега во мојата скромна политичка кариера јас не сум видел да некој не ја изгласа сопствената завршна сметка на сопствениот градоначалник, кој тука вие сте го штителе во многу наврати“ им рече Илиевски на политичките опоненти.

И кажа дека ако не му ја гласаат завршната сметка, на Коњановски ќе му преостанат две работи .  Првата да ја врати партиската книшка и втората работа под итно да поднеси осатавка, бидејќи своите нема да го гласаат.

На крајот завршната сметка беше изгласана од сите советници освен од Левица.