Македонија Пендаровски ги извиси гледачите

ПЕНДАРОВСКИ ИЗБЕГА ОД ГРАЃАНИТЕ И СИЛЈАНОВСКА – ДАВКОВА: Кандидатката за претседател на Македонија дебатира сама во студиото на МТВ (ФОТО)

Кандидатот за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова преку социјалната мрежа Х откри дека нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски не се појавил на дебатата на националниот сервис МТВ.

ПЕНДАРОВСКИ ИЗБЕГА ОД ГРАЃАНИТЕ И СИЛЈАНОВСКА – ДАВКОВА: Кандидатката за претседател на Македонија дебатира сама во студиото на МТВ (ФОТО)

„Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со празно столче.

Не разбирам зошто мојот противкандидат Стево Пендаровски им оневозможи на граѓаните повторно да ги соочиме нашите програми и ставови.

Би сакала да го потсетам господинот Стево Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник, па го повикувам да се одважи и да се појави пред мене и пред граѓаните на Македонија.

Основна задача на шефот на државата е да гради консензус преку дијалог со сите“, стои во нејзиниот твит на Х.

To top