Вести Економија Топ вести

Намален животен стандард, ниски плати и пензии – речиси 50 отсто од граѓаните во проблеми да платат сметки на крај на месец

Дел од граѓаните не се оптимисти дека нè чека светла иднина. Во анкетата што ја спроведе националниот Демократски институт, 40 отсто од испитаниците веруваат дека економската состојба, животниот стандард, висината на платите и пензиите ќе се влошат во наредните 12 месеци. Токму овие работи ги посочуваат како најголем проблем во државава. Но, и криминалот и корупцијата, инфлацијата, иселувањето и невработеноста.

Речиси половина од испитаниците, најголем дел од семејниот буџет го трошат само за храна. Исто така, речиси 50 отсто од анкетираните се изјасниле дека или повремено или често имаат потешкотии да платат сметки на крајот на месецот, досо дека, пак, оние од пониските социјални категории и од руралните средини, се соочуваат со поголеми проблеми да ги покријат трошоците за живот.

Како опција за спас од тоа што домашниот буџет не им е доволен, помладите испитаници се изјасниле дека би барале дополнителни приходи, а повозрасните би ја намалиле потрошувачката. Поголем процент од етничките Албанци би се потпреле на помошта од роднини и пријатели од странство, за разлика од етничките Македонци и останатите етнички групи. Мнозинството испитаници во истражувањето веруваат дека Владата незадоволително се справува со главните економски предизвици, критикувајќи ги ефектите од неодамнешните антикризни мерки.

Голем дел од испитаниците сметаат дека треба да се продолжи со субвенциите за прехранбени производи и за сметките за струја. Сметаат и дека намалувањето на цените на одредени производи има ефект, но дека тоа треба да биде надополнето со долгорони мерки, односно со натамошно зголемување на платите и пензиите.

Во извештајот стои и дека значителен дел од граѓаните не биле информирани за повеќето мерки кои се спровеле. Се наведува и дека голем дел од граѓаните ниту слушнале за програмата за заштита на потрошувачи, ниту имаат доверба во судството, институциите, во случај на спорови со компании за купен производ. Голем дел не ги знаат ниту своите права.

Се наведува и дека поголем дел сметаат дека земјава се движи во погрешна насока, заради корупцијата и криминалот, а само мал дека одиме во правилна насока поради евроинтеграциите.

Анкетата е спроведена на 1.003 испитаници, во период од 13 до 24 април годинава. Истражувањето е квантитативно теренско лице в лице.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Радев врачи трет мандат, „Има таков народ“ веднаш го вратија – Бугарија ќе оди на нови вонредни избори

Дејан Дејан

Парична казна од 1.750 евра за штипската САНС АГ и одговорното лице

Дејан Дејан

ССМ ќе протестира пред Врховниот суд и Министерството за здравство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе