Ганиу му возврати на Груби: Терапијата на д-р Таравари ќе ја примиш на 8 мај

од Nikola Popovski

Градоначалникот на Чаир и дел од Демократското движење на Изет Меџити, Висар Ганиу попладнево се огласи на социјалните мрежи откако беше прозван од неговиот доскорешен сопартиец, Артан Груби.

„Артан, терапијата ти ја препишува доктор Арбен, а ќе ја примиш на 8 мај’, му порача на социјалните мрежи Ганиу на Груби.

Ваквата реакција следува откако членот на ДУИ и вицепремиер денеска донесе куфер пред општина Чаир и му порача на градоначалникот дека треба да си поднесе оставка по вчерашниот резултат од првиот круг на претседателските избори.

-Песната вели дека им ја разбираме позицијата во која што се. Актуелниот и формален градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, како и неговиот нотар, Висар Ганиу, мора да ја видат топ-листата. На неа број 1 се луѓето што се овде и граѓаните на Чаир. Оттаму нека си го земе куферчето и нека си замине. Да ја ослободи окупираната општина Чаир на европските граѓани, рече Груби пред новинарите, пуштајќи песна на албански јазик која ечеше на звучник.

Вели дека воопшто нема тензии и дека граѓаните се определиле за европска иднина.

-Треба да си го оддржат зборот и да поднесат оставки, откако кажаа дека на нотар потпишале изјави за оставка во случај на пораз. Изгубија со 40 илјади гласови кои ќе станат 80 илјади на 8 мај. Народот не сака изолација и не сака да биде слуга на Мицкоски и Апасиев, порача Груби.

Според резултатите од ДИК, кандидатот на Европскиот фронт предводен од ДУИ, Бујар Османи освоил над 120 илјади гласови, додека за кандидатот на ВРЕДИ, Арбен Таравари гласале околу 83.300 гласачи.

Слични содржини