Поврзете се со нас

Англија

Како на лизгалиште: Стоперот на Тотенхем ги доживеа најкошмарните 90 секунди во својата кариера, Њукасл постигна два гола (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/NUFC

Тотенхем одигра разочарувачко прво полувреме на „Ст. Џејмс парк“ и беше воглавно инфериорен, но убедливо најлош период имаше стоперот на „петлите“, Мики Ван де Вен.

Холанѓанецот кој за многумина е едно од најдобрите засилувања во Премиер лигата, ова попладне ги имаше најкошмарните 90 секунди на еден фудбалски терен, бидејќи две негови лоши реакции кулминираа со два гола на домаќиноте.

Ван де Вен најпрво се лизна во дуелот со Исак и беспомошно заврши на земја пред напаѓачот да погоди за 1:0, а една ипол минута подоцна, видовме слично сценарио.

Иако овојпат не се лизна, Ван де Вен повторно заврши немоќно на тревникот, а Гордон постигна гол за 2:0 и донесе огромно славје меѓу домашните навивачи на трибините.

Овој блицкриг на „страчките“ им донесе комотна предност на полувреме, па ќе видиме дали ќе ја одбранат истата до самиот крај.

Голот на Исак погледнете го ТУКА

Голот на Гордон погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни