Поранешен кошаркар на Карпош Соколи е МВП на ФИБА Лигата на шампиони

Уникаха го осови третиот европски трофеј во својата историјата откако на финалниот турнир на ФИБА Лигата на шампиони кој се одржа во главниот град на соседна Србија славеше во големото финале против Тенерифе со 80-75.

За најкорисен играч на турнирот беше одбран кошаркар кој е добро познат во македонската спортска јавност. Станува збор за Кендрик Пери кој во минатото го носеше дресот на Карпош Соколи и го предводеше скопскиот тим до најголемиот успех во историјата играјќи во финалето на првенството во сезоната 2016/17.

Американецот со црногорско државајнство со 17 поени, два скока и две украдени топки беше лидер на својот тим во финалето, а постигна и двоцифрен број на поени (12) во полуфиналната средба со Мурсија.

Се вчитува...