(ФОТО) Ријана првпат во јавноста по породувањето

Папарацо фотографите ја „уловиле“ Ријана по подолга пауза, откако стана мајка.

Пејачката се појавила на „Wireless“ фестивалот во Лондон. Ријана била со момчето АСАП Роки, а папарацо фотoграфите ја „уловиле“ во фризерница во лондонската населба Кристал Палас, пред неговиот настап на фестивалот.

За таа прилика Ријана носела црна јакна, црни панталони, а својот изглед го надополнила со ѓердан и обетки.

Додека позирала со обожавателите, Ријана била видно насмеана.

Ова е првото појавување на Ријана во јавноста, речиси два месеци откако таа и АСАП Роки го дочекаа своето прво заедничко дете, во Лос Анџелес на 13 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e