Ноќ на изненадувања: Феноменалниот Дончиќ за брејк на Далас…, и Кливленд израмни во полуфиналната серија (ВИДЕО)

Ноќ на изненадувања во плеј-офот од НБА лигата, и две гостински победи на Далас и Кливленд со кои израмнја против Оклахома односно Бостон во полуфиналните серии.

Словенецот Лука Дончиќ со 29 поени, 10 скока и седум асистенции го водеше Далас до победа од 110-119 на гостувањето против Оклахома. Голема помош доби од Пи-Џеј Вашинготн, со ефект од 29 поени и 11 скока.

Хардавеј беше трет најефикасен играч на Далас со 17 поени а Даниел Гафорд постигна 13, додека Кајри Ирвинг заврши со девет поени и 11 асистенции. Кај Оклахома блескаше Шаи Гилџес-Александер со 33 поени, 12 скока и осум асистенции.

Вистинско изненадување приреди Кливленд кој неочекувано како гостин убедливо го победи Бостон со 94-118.

 Кливленд израмни, на тој начин, на 1-1 во серијата, а за тоа најзаслужен беше Донован Мичел со 27 поени, осум асистенции и седум скока. Го следеше Еван Мобли со 21 поен и 10 скока, исто толку додаде и Карис Лаверт од клупата, а Гафорд заврши со 14 поени. Џејсон Тејтум беше најдобар кај Селтикси со 25 поени, Џејлен Браун имаше 19 а Причард постигна 13 поени.

Се вчитува...