Утрински Весник
Македонија

Реал ќе го награди својот херој Хоселу со откупување на договорот

Hoselu Real 8.jpg
Screenshot

Напаѓачот на новиот шпански фудбалски првак Реал Мадрид, Хоселу, беше херојот на „кралевите“ во синоќешниот пласман во ново 18. финале за „кралевите“ од Лигата на шампионите.
Хоселу на реавнш пресметката со Баерн Минхен доби шанса од клупата во 81. минута кога го замени Феде Валверде. Возврати со голови во 88. и првата минута од судиското надополнување за триумф на Реал Мадрид (2:1). Шпанецот го режираше резултатскиот пресврт и настапот во финалето на „Вембли“, каде на 1 јуни ги чека пресметка со уште еден бундеслигаш Борусија Дортмунд. Покрај тоа што е апсолутен херој за навивачите на Реал, според најавите, Хоселу треба да добие и награда во вид на откуп на неговиот договор. Тој е на позајмица од Еспањол до крајот на сезоната и како опција од клупата се покажа одличен за Карло Анчелоти. Реал планира да го награди со договор до 2025 година, а Хоселу би бил најсреќен ако остане на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Оваа сезона тој постигна 16 гола во сите натпреварувања.

Pet Utrinski

Можете да прочитате

Пониски цени за нафтените деривати

„Св. Кирил и Методиј”-Денот на сесловенските просветители е неработен за сите граѓани на С.Македонија

Мицкоски – Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите