Забава
„Сè уште ја сакам таа жена“: Бред Пит не може да заборави поранешна девојка, а таа не е ниту Анџелина Џоли ниту Џенифер Анистон
Бред Пит отсекогаш важел за миленик на жените и за еден од најпосакуваните мажи во светот.
Покрај успешната кариера во Холивуд, Бред Пит можеше да се пофали и со титулата еден од најубавите мажи на светот, а на неговиот шарм не одолеаја многу светски убавици.
Популарниот актер уживаше во романсата со филмските ѕвезди Гвинет Палтроу, Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, но кога е во прашање неговиот љубовен живот, познатиот актер ја издвојува врската со актерката Џулиет Луис.
Џулиет и Бред уживаа во романса пред повеќе од три децении. Двојката се запознала во 1990 година на снимањето на заедничкиот филм Too Young to Die, а актерката тогаш имала 17 години. Бред Пит е 10 години постар од Џулиет и во времето кога се запознале имал 27 години, а една деценија разлика не ги спречила на прв поглед да сфатат дека се еден за друг.
Актерската двојка се забавуваше три години, а врската ја прекинаа на почетокот на 1993 година. Години подоцна, кога се навраќаа на љубовната врска, атрактивната бринета изјави дека холивудскиот заводник воопшто „не е во нејзиниот универзум“, а Бред Пит во повеќе наврати зборуваше во медиумите за одличното време поминато заедно.
„Сè уште ја сакам таа жена. Таа е вистински гениј. Прекрасно си поминав со неа“, изјави Бред Пит во интервју за „Венити фер“ и додаде:
„Тоа беше една од најдобрите врски во кои некогаш сум бил. Проблемот е што растеме со визија дека љубовта победува сè, а тоа, едноставно, не е така, нели?’
Во 1993 година, кога се запознаа, Бред Пит и Џулиет Луис снимија уште еден заеднички филм – „Калифорнија“.
Во тоа време, додека зборуваше за својата романса со Бред, кој веќе уживаше огромна популарност во Холивуд, Џулиет призна дека Бред ѝ се допаѓал како актер уште пред почетокот на нивната љубовна приказна.
„Се запознавме на снимањето на филмот и почнавме да излегуваме кога заврши снимањето. „Веќе ми се допадна како актер и мора да почитуваш некој што е во истото поле како тебе“, изјави тогаш Луис.
„Ние сме во момент во љубов кога, едноставно, сакаме да се гледаме секој ден и не ни е досадно кога сме еден со друг, па затоа е навистина, навистина убаво. Исто така, можеме да бидеме заедно кога работиме и разговараме за тоа и соработуваме. Сакаме да работиме заедно повторно, и повторно, и повторно“, ја опиша Џулиет својата врска со популарниот актер за „Лос Анџелес тајмс“.
Години подоцна, актерката повторно се присети на врската со колегата и истакна дека се надева оти Бред Пит ќе ја најде среќата во љубовта бидејќи искрено го сака.
„Тој воопшто не е во мојот универзум сега. Ми се чини како да била средношколска врска за мене бидејќи тој сега е толку славна личност. Ја гледам оваа личност со која имам малку заедничка историја. Се надевам дека ќе најде среќа затоа што јас навистина го сакав. Тој е многу лојален, добро момче“, изјави Џулиет Луис за медиумите.
Години подоцна, во 2009 година, актерката истакна дека единствената причина зошто луѓето ја прашуваат нешто за Бред Пит е затоа што тој има култен статус во Холивуд.
„Луѓето ме прашуваат за него само затоа што е толку познат. Ништо не ме прашуваат за мојот поранешен сопруг, иако тоа секако е многу позначајна врска бидејќи сепак бевме во брак“, изјави актерката.
Џулиет Луис беше во брак од 1999 до 2003 година со професионалниот скејтбордер Стив Бур.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Двегодишно дете до совршенство го имитира настапот на евровизискиот претставник на Хрватска
Хрватскиот претставник на Евровизија, Бејби Лазања, важи за еден од фаворитите на финалето што треба да се одржи вечерва, па во Хрватска владее еуфорија и возбуда во исчекување на победа.
Во моштвото евровизиски видеа кои деновиве доаѓаат од таа држава, едно особено се издвојува.
Се работи за две и пол годишно дете кое до совршенство го имитира настапот на Бејби Лазања во градинка во Сплит.
@eurovision24_7 this is the cutest video I’ve ever seen ❤️ @The Baby Lasagna Official #foryou #fyp #eurovision #croatia #babylasagna #viraltiktok ♬ originalljud – ESC 2024
Видеото му се допадна и на Бејби Лазања, a медиумите во Хрватска напишаа: „Ѕвездата е родена!“.
Забава
Се појавија фотографии од ирската претставничка на Евровизија без шминка и рогови, луѓето коментираат колку е убава
Евровизија 2024 ја одбележаа бројни скандали и поради дисквалификацијата на претставникот на Холандија, а сите постојано ја коментираат овогодинешната претставничка на Ирска, Бамбија Туг.
Сега на Твитер кружи видео од прес-конференцијата од првата полуфинална вечер на Евровизија 2024, каде Бамби за време на разговор со новинарите рече: „Да се биде квир и да се биде вештерка ме прави посебна личност“.
This is Bambie Thug, the Irish delegate for the Eurovision competition.
She uses they/them pronouns and describes herself as a “goth gremlin goblin witch.” Why don’t we have talent like this in the US? pic.twitter.com/maFeeJEKR7
— Dr. Jebra Faushay (@JebraFaushay) May 8, 2024
Исто така, се појавија фотографија од претставничката без шминка, а огромниот контраст ги изненади сите кои коментираат дека е многу убава.
Бамби Реј Робинсон е родена како жена, но се идентификува како „небинарна“ личност и претпочита да ја користи заменката „тоа“, наместо „таа“.
Забава
Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија по инцидент што пејачот го предизвикал зад сцената
Холандскиот пејач Јост Клајн е дисквалификуван од Евровизија по инцидент зад сцената.
Изведувачот нема да пее на денешното финале на Евровизија, откако членка на продуцентската екипа до шведската полицја изнесе наводи за заплашување.
„Не би било соодветно да го продолжи натпреварот додека трае истрагата“, објави Европската радиодифузна унија (ЕБУ), организатор на Евровизија.
„Сакаме јасно да ставиме до знаење дека, спротивно на некои медиумски извештаи и шпекулации на социјалните мрежи, во овој инцидент не се вклучени други изведувачи или членови на делегацијата“, се додава во соопштението.
ЕБУ вели дека инсистира на политика на нулта толеранција за какво било несоодветно однесување и е посветена на безбедна и сигурна работна средина за сите што учествуваат на натпреварот.
Во овој поглед, однесувањето на Јост Клајн кон член на тимот се смета за кршење на правилата на натпреварувањето, додаваат од ЕБУ.
Клајн беше меѓу фаворитите за победа.
Исклучувањето на Холандија значи дека во финалето нема да има 26, туку 25 земји.