23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Ветингот овој пат мора да биде задолжителен и во склад со нашето законодавство

„Ветингот мора да биде овој пат задолжителен. И јас во тоа и мојата лична одговорност ја гледам. Во 2016 година бев предводник во ИЕ1 за тие избори, слушајќи ги луѓето во Брисел, а тие водејќи се од искуствата од Албанија, рекоа немојте, затоа што секој трет помина таму во правосудството“ рече претседателот Стево Пендаровски на дебатата на МТВ.

Тој додаде дека гледајќи ги лошите резултати, кои се неспорни, општата перцепција и извештајот на Европската комисија кој кажува дека нема напредок во правосудниот сектор, овој пат мора во склад со нашето законодавство да се направи ветингот.

„Да ги провериме имотите прво на политичарите. Не мислам дека има едно дувло, еден центар, за жал, зафатени се повеќе високи центри и во судството и во обвинителството и во политиката“ рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека такви дувла има и во центрите на економска моќ, кои не се во политиката, не се во судството и не се во обвинителството.