Економија

ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА ОД РАСТОТ НА НЕВРАБОТЕНОСТА ВО АФРИКА, во светот се намалува невработеноста кај младите лица

12.08.2024

Невработеноста меѓу младите во светот минатата година се намали на 13 отсто, а 64 милиони лица на возраст меѓу 15 и 24 години биле без работа. Во извештајот на Меѓународната организација на трудот (ИЛО) се предвидува стапката на невработеност  кај младите да се намали на 12,8 отсто годинава и во 2025 година.

Невработеноста на младите се врати на нивото од пред пандемијата на ковид 19, но не во сите региони во светот.

Стапката на невработеност кај младите во арапските држави, источна и југосисточна Азија, е поголем од пред пандемиската година. Овој негативен тренд во арапските земји почна од пред пет години, а во азиските  се забележува раст на невработеноста кај младите.

Просечната старост на вработените во Африка е многу пониска од развиените земји, што може да предизвика проблеми на економската стабилност. Во извештајот на ИЛО се посочува на опасноста од „земјотрес на младите“ во Африка што може да доведе до пораст на бројот на невработените меѓу младите, а која може да доведе до проблеми во глобалната економија и на општествената правда во светот, пренесува „Телеграф“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО