Новицки откри зошто го носеше дресот со број „41“

Поранешниот кошаркар на Далас Маверикс, Дирк Новицки откри зошто во кариерата го носеше бројот 41 на својот дрес. Новицки пред натпреварот од второто коло од НБА плеј-офот меѓу Денвер Нагетс и Минесота беше дел од емисијата на „ТНТ“, каде повеќе говореше и за изборот на 41.

Неговиот избор беше поврзан и со Чарлс Баркли кој на олимписките игри го носел бројот „14“.

„Почнав да играм кошарка со број 11 затоа што татко ми го носеше бројот 11 кога играше ракомет. Потоа Чарлс го носеше бројот 14 на Олимписките игри во Барселона, а јас го сакав Чарлс. Искрено, кој не го сакаше Чарлс во тоа време? Играв со број 14 на национално ниво. кога дојдов во Далас, го сакав бројот 14, но тој му припаѓаше на Роберт Пак. Тој ми кажа не новајлијо не можеш да го користиш тој број, па на крајот само ги променив цифрите и така излезе 41“, изјави Новицки. 

Се вчитува...