„Звучни слики” – изложба на Владимир Мартиновски

Во Галеријата на МКЦ во 19 часот 7 март (четврток) 2024 година ќе се отвори изложбата „Звучни слики” на Владимир Мартиновски.

Авторот е писател и проучувач на книжевноста, а во оваа изложба се врстуваат уште две негови вокации: музиката и сликарството. Изложбата е сочинета од педесетина дигитални цртежи, акрилици на платно и хартија, како и серија акварели, чии заеднички именител е доживувањето на музиката. Дигиталните дела се настанати за време на концерти, а сликите во различни формати визуелно го слават чинот на музицирање, во обидот на ликовен начин да се доловат различни мелодиски и ритмички структури. Авторот на изложбата е поет, раскажувач, книжевен критичар, преведувач и антологичар.


Владимир Мартиновски е редовен професор на катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ, каде што ја извршува функцијата декан од септември 2023 година. Добитник е на неколку награди за поезија, расказ и критика, а неговата поезија е преведена на дваесетина јазици.

Изложбата ќе биде отворена до 20 март 2024 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …