Вести Македонија

Сватот на Али Ахмети доби нов тендер од Општина Кичево

На веб сајтот на Бирото за јавни набавки на 14.03. е објавен договор кој општина Кичево го склучила со фирмата АС Сењак за „Изградба, реконструкција и санација на локални патишта, улици, тротоари и други јавни површини во Општината.“

Фирмата АС Сењак е во сопственост на бизнисменот Селаудин Арифи, кој е сват на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Вкупната вредност на тендерот е 18.000.000 денари (со ДДВ 21.240.000) односно околу 293 илјади евра (со ДДВ, околу 345 илјади евра).

На огласот немало друг пријавен понудувач, а општина Кичево и градоначалникот Фатмир Дехари го потпишале договорот за набавка бидејќи биле во рамките на планираните средства. Станува збор за рамковна спогодба склучена за период за една година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе