Во Челзи бесни за поништениот гол: „И на фудбалерите на Астон вила не им беше јасно зошто голот не е признат“

Екипата на Челзи беше на прагот од голем пресврт откако губеше со 2-0 на гостувањето кај Астон вила, а во 95-тата минута Дисаси постигна гол за 2-3. Сепак, ВАР-системот го поништи тој поради фаул во напад, а тоа беше знак за големи протести на гостинските фудбалери.

Од Челзи сметаат дека тоа било обичен дуел и голот не требало да биде поништен.

„Како да им го објасниме ова на луѓето. Не сакам лошо да зборувам за судиите, но ова е неверојатно, ова е смешно и болно. Англискиот фудбале е оштетен, дури ни играчите и навивачите на Астон вила не знаеја што се случи. Судијата рече дека е фаул, но ако погледнете, тоа е обичен дуел. Кога сите вакви дуели би се суделе, ниту еден натпревар нема да го завршиме со 11 фудбалери.“ – рече тренерот на Челзи, Маурисио Покетино, после натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести