• сабота, 20 април 2024

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 26 март 2024 (МИА) - На 25.03.2024 во 10.15 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ф.Ј.(18) од Кавадарци. Тој се обидел од магацин на приватна фирма да изврши кражба и да одземе повеќе предмети, но бил спречен од сопственикот. Ф.Ј. бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.03.2024 во 21.15 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.К.(21) од с.Арачиново, Скопско, А.М.(20) од с.Батинци, Скопско и Б.Х.(18) од Скопје затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.03.2024 во 21.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П.(19) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, при приведувањето, физички нападнал полициски службеник, а подоцна оштетил и дел од инвентар во просториите на СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 25.03.2024 околу 20.10 часот на улица „113“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 50-годишниот тетовец Р.А., кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 25.03.2024 околу 22.45 часот на улица „Ленин“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 21-годишниот тетовец  К.Е., кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 25.03.2024 во 13.00 часот во средно општинско училиште во Битола, полициските службеници на СВР Битола лишиле од слобода 18 - годишна ученичка од ресенско затоа што кај неа била пронајдена и одзмена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.03.2024 во 13.00 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле С.С.(44) од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа недостигаат две страници. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.

Во текот на вчерашниот ден (25.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 211 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 115 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 96 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (25.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за некористење на сигурносен појас...

На 25.03.2024 во 10.00 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат од село Дреново, кавадаречко, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.Б.(41) од Велес, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Кавадарци. За несреќата бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

На 25.03.2024 во 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Црниче“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(54) од Скопје и трицикл „томос“ со вградена приколка, управуван од малолетник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 25.03.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„173“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(20) од с.Новаке, Тетовско, удрило во малолетничка од с.Пирок, Тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На 25.03.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Карпош, Ј.Н.(69) од Скопје пријавила дека на ул.„Орце Николов“ била касната од куче скитник.

На 25.03.2024 во 16.15 часот во Полициската станица Аеродром, С.Т.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Венјамин Манчуковски“ бил каснат од куче скитник. мд/

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан