Фудбал

Екипи од Премиер лига во борба за Дани Олмо

Екипи од Премиер лига во борба за Дани Олмо

Во последните неколку дена англиските медиуми објавија дека многу локални гиганти се заинтересирани да го доведат шпанскиот репрезентативец на лето.

Пред неколку дена Тотенхем беше во преден план, а германскиот новинар и инсајдер Кристијан Фалк за Caught Offside изјави дека играчот на Лајпциг има голема желба да игра во најсилната лига на светот.

Сепак, се чини дека фановите на Спарс прерано ги подигнаа надежите, бидејќи денеска медиумите на Островот пишуваат дека интерес покажал и Пеп Гвардиола, кој во Шпанецот гледа долгорочна замена за Кевин Де Брујн, а клубот од Лондон тешко може да му парира на понудата што може да му ја даде шеикот од Манчестер.

Теми на денот

To top