Гвардиола: Уште пет натпревари, мора да бидеме понизни

од Vladimir Zorba

МАНЧЕСТЕР СИТИ вчера славеше на гостувањето кај Брајтон со 4:0 и сега го зазема второто место во рангирањето на англискиот шампионат. Сепак, избраниците на Пеп Гвардиола имаат се во свои раце бидејќи имаат натпревар помалку од Арсенал, од кој заостануваат само еден бод.

Иако многумина се сигурни дека Сити оваа сезона повторно ќе ја слави титулата, Гвардиола не сака да брза со вакви изјави. Свесен е дека и неговиот тим може да „запне“, како што, на пример, неодамна му се случи на Ливерпул и практично го елиминираше од трката за титулата.

Коментирајќи ја победата на неговиот тим, тој истакна: „Знаевме дека со пораз или нерешено ја губиме шансата да се бориме за титулата. Притисокот е тука, секако. Уште пет натпревари. Одиме на следниот, тоа е сè што можам да кажам. Тоа што му се случи на Ливерпул може да ни се случи и на нас. И Арсенал. Луѓето не очекуваа дека Ливерпул ќе загуби од Кристал Палас или Евертон, но тоа се случи. Тоа е фудбалот“.

„Евертон се бори за прволигашки статус. Исто и Нотингем Форест против кого играме. Мора да бидеме понизни и да го почитуваме противникот. Во спротивно нема да успееме“, додаде Гвардиола.

Слични содржини