Снајдер „удри“ по Ентони: Срам да му е, се надевам дека Манчестер Сити ќе победи 5-0

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ентони го навлече бесот на поранешните фудбалски работници ширум светот со недоличното однесување по полуфиналниот натпревар од ФА Купот против Ковенти по кој бурно го прослави пласманот во големото финале.

Бразилецот по пенал рулетот против второлигашот гестикулираше кон противничките фудбалери, а потоа и кон навивачите, додека неговиот капитен Хари Мегваер се ракуваше со противниците. Поради тоа доби критики од поранешните холандски репрезентативци Весли Снајер и Калид Булахруз.

„Ентони треба да се засрами за тоа што го напрви. Требаше да замине од теренот. Се надевам дека Манчестер Сити ќе победи 5-0“, изјави Снајдер.

„Тоа што Ентони го направи е очајно. Купен е за 100 милиони евра и секој натпревар го игра како да е пос*ан. Нема ни голови ни асистенции сезоната. Да сум му соиграч ќе му кажев да се засрами сам од себе“, вели Булахруз.

Се вчитува...