СВЕТ

Неуспешен обид да се избере порота на првиот ден од судењето за Трамп

Историското судење на поранешниот американски претседател и актуелен кандидат за функцијата од редовите на републиканците Доналд Трамп започна вчера во окружниот суд во Њујорк со тежок процес на избор на порота која треба да ги сослуша обвиненијата против него за фалсификување на деловни книги за да го прикрие поткупот што и го исплатил на поранешната ѕвезда во филмови за возрасни, непосредно пред претседателските избори во 2016 година, пренесува Асошиејтед прес.

Пред судницата, чиј пристап беше опкружен со метални огради, имаше голем број новинари, како и демонстранти кои имаа транспаренти „Никој не е над законот“.

Не биле избрани потенцијалните поротници во судскиот процес против Трамп, зашто се изјасниле дека не можат непристрасно да одлучат дали поранешниот американски претседател е виновен или невин за кривичните пријави.

На почетокот на судењето, судијата Хуан Меркан и се обратил на групата од речиси 100 потенцијални поротници дека мора да ги остават настрана сите предрасуди и лични ставови кои ги имаат за обвинетиот или за случајот, вклучително и тие за политичката ориентација.

Трамп по завршувањето на првиот ден од судењето рече дека овој процес е политички лов на вештерки.

„Ако ги читате сите правни експерти, сите правници, не гледам ниту еден што рекол дека ова е случај што треба да се покрене и да се процесиура. Не сум во Џорџија, во Флорида или во Северна Каролина за да водам кампања како што треба. Ова е совршено за радикалната левица на демократите. Тие токму тоа и го сакаат. Тука станува збор во мешање на изборите“, рече Трамп.

Поранешниот американски претседател се товари дека преку својот адвокат ѝ исплатил 130 000 долари на Сторми Даниелс за да молчи за нивната наводна афера, пред изборите во 2016 година. Поранешниот адвокат на Трамп Мајкл Коен сведочел дека тој лично ги плаќал плаќањата на Даниелс. Трамп рече дека планира да сведочи во своја одбрана.

Претходно, тој ги отфрли сите обвинувања и ги оцени како политички мотивирани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button