Доживејте незаборавен секс со помош на овој метод

Љубов, пар, секс
Фото: Pexels/Yan Krukov

Постојат секакви начини со кои можете да го подобрите вашиот сексуален живот, но се вели дека овој метод ќе ви помогне да доживеете максимално задоволство во креветот, пишува „Дејли Стар“.

Експертката Џанел Хауел, објаснува дека предиграта секогаш треба да има главна улога кога водите љубов. Иако, луѓето немаат секогаш време да се препуштат на тоа задоволство, таа тврди дека вреди да се вложи поголем труд.

Имено, таа го предложува методот 10-5-10, со кој нема да ја заборавите предиграта со вашата сакана личност. Со овој метод, Џанел вели дека се стимулираат различни ерогени зони на телото и желбата за секс уште повеќе се зголемува.

Десет минути од предиграта

Фокусирајте се првите 10 минути само на вратот и лицето. Во овој период од 10 минути, бакнувајте ја саканата личност по вратот, ушите и на усните. Овој дел од предиграта, Џанел советува дека може да го направите и надвор од вашата спална соба.

Пет минути од предиграта

Во овој период од даденото време, фокусирајте се на торзото. Таа предложува да се ослободите и да испробате различни начини на стимулирање на градите и стомакот на вашата сакана.

Десет минути од предиграта

Последните десет минути од предиграта, искористете ги да ги стимулирате вашите интимни делови. Може да експериментирате и да се забавувате на различни начини, користејќи ги рацете, устата, па дури и некои секс-играчки.

На овој начин, вашите тела ќе бидат целосно стимулирани, возбудени и спремни да продолжите понатаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот