Меси растура во МЛС: Нови два гола и две асистенции во победата над Њу Ингланд

Лео Меси продолжува да доминира во МЛС-лигата откако аргентинскиот генијалец го предводеше Интер Мајами до убедлив триумф од 4-1 над Њу Ингланд.

Тимот на Њу Ингланд прв поведе на натпреварот, но потоа на сцена стапи Меси, аргенската суперѕвезда постигна два гола и имаше две асистенции (до Кремаски и до Суарез) за целосен пресврт и нова победа на Интер Мајами.

Со најновото маестрално издание, Меси сега има девет постигнати гола (шест на последните четири средби) и се наоѓа на врвот на листата стрелци во МЛС-лигата.

Се вчитува...