Судски совет го менува деловникот , најавува поголема ажурност и транспарентност

Судски совет го менува деловникот , најавува поголема ажурност и транспарентност

 Од Судскиот совет информираа дека почнуваат со спроведување на препораките од оценската мисија на ЕУ која дојде во Скопје по пучот врз претседателката Весна Дамева.  Се менува деловникот во мај,со кој ќе се спречии чување во фиоки  на предмети за судиска одговорност.

 Со измената на Деловникот се воведува и обврска за членовите да објаснуваат и зошто гласаат против унапредување на некој судија не само кога гласаат за. Исто така и одлуките да ги образложуваат со конкретни причини зошто некој судија кој иако бил погоре на ранг листата не бил избран. Ќе се менува и правилниот за рангирање на судиите . Ќе се намалат бодовите што ги добиваат за познавање на стрнски јазик а ќе се зголемуваат бодовите за дополнителна работа. Е се скратуваат роковите за постапување по претставките, роковите за избор или унапредување на судии, за разрешување на судии, кои знаат да траат до бескрај.

Како што посочуваат од Судскиот совет интензивно работат на имплементацијата на препораките на оценската мисија на ЕУ и се очекува наскоро да бидат имплементирани 17 од вкупно 40 препораки што ги даде мисијата.  Останатите препораки се среднорочни и долгорочни и за нивна имплементација се потребни уставни и законски измени.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )