Регион

Претставниците на детскиот телевизиски фестивал „Ритамот на Европа“ на гости кај градоначалникот Костадинов

Пријатно изненадување за градоначалникот Костадинов денеска беа претставниците на детскиот телевизиски фестивал „Ритамот на Европа“.

Се разговараше за музичкиот фестивал што ја доби поддршката од градоначалникот Костадинов, а е најголем од ваков вид во Европа, со тоа Струмица стана град домаќин во групата од 75 градови од регионот и 4 градови надвор од него.

„Фестивалот „Ритамот на Европа“ е одлична можност за нашите музички талентирани деца, да се дружат и натпреваруваат со своите врсници од Европа, а фестивалот ќе се одржи на почетокот од месец март во нашата Струмица. Деца ви благодарам за посетата и вниманието, секогаш сум со вас“, истакна Костадинов.

Препорачуваме:

Втор фестивал на класична музика во Струмица

Сузана Мицева

ВИДЕО: Струмица потпиша договор со МТСП за децентрализација на социјалните услуги

Изгоре автомобил во Струмица

Ѓ. K.