Вести Свет

Во Аризона се враќа закон од времето на граѓанската војна со кој се забранува правото на абортус

Официјални лица во Аризона се обидуваат да донесат решение по одлуката на тамошниот врховен суд за враќање на законот за абортус од времето на граѓанската војна со кој целосно се забранува абортусот освен во случаи опасни по животот и здравјето на жената, бремонст настаната при силување и инцест. Тамошниот суд во вторникот пресуди дека државата мора да се придржува до законот донесен пред повеќе од 100 години во времето на граѓанската војна. Со законот се предвидува и казна затвор од 2 до 5 години.

За стапување на законот на сила врховниот суд даде рок од 14 дена.

Јавниот обвинител на Ариозна, Крис Мејес изјави дека нема да ја почитува одлуката на судот и да ги гони случаите поврзани со извршување абортус, но, според тамошните аналитичари, одлуката на судот би можела да има застрашувачки ефект, бидејќи ретко кое медицинско лице би прифатило да работи спротивно на законот.

Изборните стратези на двете партии веруваат дека пресудата со која се забранува абортусот, освен ако животот на мајката не е во опасност, доколку бременоста не е настаната по пат на силување или инцест, може да ги натера неутралните гласачи, дури и оние кои се повеќе наклонети кон републиканците, да бидат на страната на Демократската партија. Истото важи и за младите гласачи и за афро-американското население. Пред четири години, претседателот Џо Бајден го победи Трамп во Аризона со само 11.000 гласови.

Во меѓувреме, застапниците за правата на абортусот ги охрабруваат жителите од Аризона да бараат услуги додека сè уште се достапни и да излезат на гласање во ноември кога ќе имаат можност да гласаат за мерката што ќе го врати пристапот до абортусот приближно 24 недели од бременоста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Полицијата застрела вооружен средношколец во Висконсин

Дејан Дејан

ЈСП за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе