Република ОО Црвен крст

Бесплатна проверка на шеќер во крвта и крвен притисок за пензионерите од Делчево

Бидејќи се работи за постара популација, пензионерите ги советувавме редовно да земаат лекови, да ја контролираат храната, особено оние кои се на дијабетско – хигиенски режим. Секако апелиравме и да не се претерува со храна и со напорна работа, како и редовно да посетуваат лекар, информираа од Здружението на пензионери од Делчево.

Бесплатна проверка на шеќер во крвта и крвен притисок за пензионерите од Делчево

Во просториите на Клубот на пензионери во Делчево, денеска е реализирана акција за бесплатна проверка на шеќер во крвта и крвен притисок. Акцијата, како што информираа од Здружението на пензионери, се реализираше во соработка со Општинската организација на Црвен крст од Делчево.

– Бидејќи се работи за постара популација, пензионерите ги советувавме редовно да земаат лекови, да ја контролираат храната, особено оние кои се на дијабетско – хигиенски режим. Секако апелиравме и да не се претерува со храна и со напорна работа, како и редовно да посетуваат лекар, информираа од Здружението на пензионери од Делчево.

Пензионерите кои учествуваа во акцијата за бесплатно мерење на шеќер во крвта и крвен пристисок изразија задоволство од ваквите акции што се спороведуваат неколку пати во текот на година. Согласни се дека на ваков начин вршат контрола на сопственото здравје и децидни се дека ваквите акции треба почесто да се организиираат.

Од Здружението на пензионери воедно информираа дека со денешната акција биле опфатени околу стотина граѓани. Најавија дека соработката со Општинската оргабизација на Црвен крст ќе продолжи и понатаму.

Најнови вести од Република

To top