Концерт на еден од водечките модерни Фински death metal бендови Wolfheart во МКЦ

Вечерва во Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да го проследите концертот на еден од водечките модерни Фински death metal бендови Wolfheart.

Бенд кој со своите мистични приказни за кралствата од Северот ги замрзна срцата на металците ширум светот. Со гости на своите албуми како Jesse Leach од Killswitch Engage и Karl Sanders од Nile, Wolfheart се етаблираат на светската метал сцена како неоспорни водачи на melodic death култот. Колосални мелодии, ледени химни за херојства низ субполарните тундри, за кралот на северот со волчјо срце.


За комплетно уживање, вечерта во Скопје со нив ќе настапат и нивните Мaкедонски соборци Inner Hate, и незапирливата Thrash Metal машина Conspiracy. Добро познати бендови на македонската публика, кои последниве години неуморно газат со своите енергични настапи.

Карти се продаваат на билетарницата на МКЦ и на директниот линк https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1343


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …