ПЛАТФОРМАТА „ОДГОВОРНА ВЛАДА“ ЌЕ СЛЕДИ ДАЛИ ПАРТИИТЕ ЌЕ ГИ ОСТВАРАТ ИЗБОРНИТЕ ВЕТУВАЊА КОГА ЌЕ ДОЈДАТ НА ВЛАСТ

    ПЛАТФОРМАТА „ОДГОВОРНА ВЛАДА“ ЌЕ СЛЕДИ ДАЛИ ПАРТИИТЕ ЌЕ ГИ ОСТВАРАТ ИЗБОРНИТЕ ВЕТУВАЊА КОГА ЌЕ ДОЈДАТ НА ВЛАСТПреставени се партиските изборни ветувања во 11 општествени области, а по конституирање на новата Влада ќе се следи што ќе влезе во нејзината програма и дали и колку ќе се оствари. (Фото: ЦУП)

    Новата платформа „Одговорна Влада“ на Центарот за управување со промени (ЦУП), на едно место ги собра изборните ветувања во програмите на партиите за престојните парламентарни избори, а по конституирање на новата Влада ќе следи што ќе влезе во нејзината програма и дали и колку ќе се оствари. Целта е пред изборите платформата да биде ресурс за информирање на граѓаните за изборните ветувања, а по изборите за тоа колку тие програми навистина ќе се остварат.

    Платформата за следење на предизборните ветувања е креирана врз основа на програмите на партиите/коалициите за Парламентарните избори 2024 и ги прикажува конкретните ветувања на пет поголеми политички партии/коалиции кои беа дел од последниот мандат во Собранието, и тоа Коалицијата за европска иднина на чело со СДСМ, Коалцијата Твоја Македонија на чело со ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата Европски фронт на ДУИ, Левица и Коалицијата Вреди.

    Преставени се ветувањата во 11 општествени области и тоа дигитализација, добро управување, економија, енергетика, здравство, земјоделство, инфраструктура, образование, правда, пристапување кон ЕУ и политички систем, и труд и социјална политика. Сите содржини се на македонски, албански и англиски јазик.

    „Ветувањата се претставени во 11 различни општествени области, согласно истражувањата на Центарот за управување со промени за областите за кои граѓаните се најмногу заинтересирани. Ветувањата се преземени од програмите на партиите/коалициите и до нив може да се пристапи и од оваа платформа (копче Програма на пратијата/коалицијата). Согласно начелото за креирање политики врз основа на податоци, Центарот за управување со промени изработи приказ на основни моментални податоци во секоја област (копче Моментална состојба). По конституирањето на следната Влада, на оваа платформа ќе се следи реализацијата на целите и резултатите планирани во Програмата на Владата.“, велат од ЦУП.

    Платформата е дел од проектот „Преосмислување на управувањето“ на ЦУП, поддржан од програмата за меѓународен развој на Владата на Обединетото Кралство преку Британската Амбасада во Скопје

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира