Свет

Израелците го нападнаа Рафа трипати во текот на ноќта: 19 цивили загинаа, меѓу ранетите има жени и деца

Палестинците бараат истрага за наводите дека израелската армија живи закопувала цивили

Во три израелски бомбардирања синоќа во Рафах во Појасот Газа загинаа 19 цивили, јавува палестинската новинска агенција ВАФА.

Девет цивили загинаа во бомбардирањето на семејна куќа во Рафах, додека четворица цивили загинаа во источниот дел на градот во населбата Ал Џенеина, како и шестмина во кампот за раселени лица Шабур.

Палестинската агенција наведува дека во бомбардирањето има и повредени, меѓу кои има жени и деца.

Според Ројтерс, повикувајќи се на медицински извори, во трите бомбашки напади загинале 13 лица.

На почеток