Утрински Весник
Скопје

Во средните училишта “Боро Петрушевски” и “Цветан Димов” пуштени во употреба сензорни соби за учениците со попреченост

Image00003.jpeg

Во средните училишта на Град Скопје “Боро Петрушевски” и “Цветан Димов” пуштени се во употреба ново опремените сензорни соби кои ќе им овозможат поинклузивен тек на образовниот процес на средношколците со попреченост од скопските средни училишта. 

Досега Град Скопје опреми сензорни соби во повеќе градски средни училишта, а проектот продолжува да се реализира во сите 23 средни училишта на градот со цел креирање инклузивна средина за сите наши ученици средношколци.

Град Скопје во континуитет ги реализира активностите со кои е предвидена поддршка за средношколците со попреченост преку имплементирање проекти кои имаат клучна улога во подобрувањето на благосостојбата, обезбедувајќи безбеден и удобен простор прилагоден на нивните секојдневни потреби.

Можете да прочитате

Стопанска Триоги триатлон во Скопје, посебен режим на сообраќајот

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош