НБРМ
Ангеловска-Бежоска: Ако продолжат поволните трендови кај инфлацијата и на девизниот пазар, ќе има можност за пофлексибилна монетарна политика
„Движењата на инфлацијата и на девизниот пазар се поволни. Сепак, неизвесноста постои, а инфлацијата сѐ уште е над историскиот просек. Оттаму, поставеноста на монетарната политика на Народната банка, соодветно на монетарната политика на Европската централна банка, засега останува иста“, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во изјава за „Блумберг Адрија“.
Таа истакнува дека идната поставеност на монетарната политика кај нас ќе зависи од инфлацијата, инфлациските очекувања и девизниот пазар, како и поставеноста монетарната политика на Европската централна банка, бидејќи ние спроведуваме стратегија на одржување стабилен девизен курс во однос на еврото. „Доколку се задржат тековните поволни трендови, а изостанат некои ризици, тоа ќе остави простор за водење пофлексибилна монетарна политика“, вели Ангеловска-Бежоска.
Коментирајќи ја монетарната политика којашто ја води Европската централна банка и очекувањата, гувернерката посочи дека ЕЦБ во три наврати досега ја задржа истата основна каматна стапка, но исто така продолжи со намалување на ликвидноста, што упатува на задржување на прудентниот карактер на монетарната политика. „ЕЦБ јасно соопшти дека нејзините одлуки ќе зависат од инфлацијата, особено од базичната и од јачината на монетарната трансмисија. Очекувањата на финансиските пазари се дека ЕЦБ би го направила првото намалување на каматите во вториот квартал годинава за околу 20 базични поени, или збирно за околу 140 базични поени во текот на целата година. Но, од друга страна, аналитичарите очекуваат побавна реакција од страна на ЕЦБ“, вели гувернерката.
Ангеловска-Бежоска заклучува дека централните банки носат одлуки засновани на податоци и информации коишто се променливи, оттаму будно се следат макроекономските и финансиските податоци, како фактори на поставеноста на монетарната политика.
НБРМ
Учениците Кирил и Кристијан од Ресен по втор пат се национални победници на Европскиот квиз на парите
Учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од СОУ „Цар Самоил“ од Ресен, под менторство на професорката Дијана Ѓоргиевска се победници на националниот натпревар за Европскиот квиз на парите, кој во организација на Македонската банкарска асоцијација (МБА), со поддршка на Народната банка и Комисијата за хартии од вредност се одржува шести пат, за време на Глобалната недела на парите. Ова е втора победа на двајцата ученици, оваа година како средношколци, откако и лани го освоија првото место на националниот натпревар. Тие ќе ја претставуваат нашата земја на европското финале, кое ќе се одржи на 19 април во Брисел, Белгија.
Второто место го освоија Стефани Георгиевска и Филип Клобучински од СЕПУГС Васил Антевски Дренсо менторката Билјана Ниновска, додека третопласирани беа Лара Росоманска и Елена Ризова од СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци, со менторката Лоска Давчева.
На националниот натпревар годинава се пријавија 525 тимови од 85 училишта, менторирани од 102 професори. На македонски јазик се натпреваруваа 479 тимови, а 46 тимови се натпреваруваа на албански јазик. На финалниот натпревар којшто се одржа во просториите на МБА, учествуваа најдобрите тимови од првиот круг и беше прогласен најдобриот национален тим.
НБРМ
Подобрување на услугите за граѓаните: Народната банка овозможи бесплатно, дигитално добивање извештај од Кредитниот регистар
Олеснувањето на процесите и подобрувањето на услугите, преку користењето на придобивките од дигитализацијата е заложба на Народната банка и таа како регулатор, но и преку личен пример, настојува да се зголеми искористувањето на технолошките придобивки.(повеќе…)
НБРМ
Доновска-Гечева од Народната банка: Банките се должни да им дадат на граѓаните информативен документ за надоместоците коишто ги наплаќаат
Банките се должни, на граѓаните, пред да пристапат кон користење на платежните услуги, да им дадат т.н. информативен документ со стандардизирана структура, поими, термини и дефиниции, за надоместоците коишто им ги наплаќаат. Целта е на граѓаните да им се даде поширока информација и можност за споредба на надоместоците, пред да донесат одлука од која банка ќе користат платежни услуги, посочува заменик-директорката на Дирекцијата за платни системи, при Народната банка, Биљана Доновска-Гечева, во гостување на телевизија Канал 5.(повеќе…)
- Домашни банкипред 2 месеци
Д-р Билал Суџубаши со силна порака до акционерите и клиентите: Халкбанк е сигурна и стабилна банка, доказ за тоа е профитот од 20,3 милиони евра за изминатата 2023 година!
- Банкипред 2 месеци
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Бизниспред 1 месец
КИБС донираше компјутерска опрема за Педагошкиот факултет при УКИМ
- Банкипред 4 недели
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 1 месец
Шпаркасе Банка со двајца нови членови на Управниот одбор – Златица Цивкароски и Александар Џорџевиќ
- Домашни банкипред 2 месеци
Д-р Маја Стевкова Штериева: 2023 година беше уште една многу успешна година за Комерцијална банка
- Останатопред 4 недели
Кралицата Матилда се сретна со нашиот тим кој освои бронза на Европскиот квиз на парите
- Домашни банкипред 2 месеци
Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“од магазинот Global Finance