МРАЧНОТО МИНАТО НА СОПРУГОТ НА АЛБАНКАТА КОЈА СО 3 ДЕЦА СКОКНА ВО БОЈАНА: Полицијата бара помош од Црна Гора, испливаа нови детали од истрагата

Албанската војска се вклучи во потрагата по телата на мајката и двете деца кои се сомничат дека се удавиле во Бојана кај Скадар!

Во понеделникот полицијата ја продолжи потрагата во Бојана и Дрим, но локалната хидроцентрала еден ден претходно испуштила вода, поради што реката се заматила и ја отежнала потрагата. Мештаните наведуваат дека е можно телата на мајката и двете деца никогаш да не бидат пронајдени поради тешкиот терен и додаваат дека вакви случаи имало многу во минатото.

Полицискиот министер Талант Бала во понеделникот побара од црногорските власти да започнат претрес на нивна територија.

Алма Арази (39) и нејзините три деца наводно се самоубиле скокајќи во Бојана. Рибар во саботата вечерта случајно го пронашол телото на деветгодишното девојче Ергезам. Полицијата соопшти дека на телото на девојчето немало траги на насилство. Засега не е позната судбината на нејзината мајка, шестгодишната сестра и тригодишниот брат.

Полицијата ги запленила безбедносните камери на продавниците и фирмите околу шеталиштето во Скадар за да го провери движењето на жената и нејзините деца, односно да утврди дали Алма е сама.

Засега се знае дека на денот на трагедијата Алма пиела кафе со својата снаа, сопругата на братот на Елгис, на шеталиштето на влезот во Скадар. Откако секоја тргнала по својот пат, таа отишла и се фрлила во вода со три деца од стариот мост на Бојана.

Се сомневаат дека Алма се одлучила на страшен потег поради насилството кое нејзиниот сопруг Ергис Арази (31) систематски го вршел врз неа и врз децата. Ергис беше уапсен во неделата под сомнение дека го предизвикал самоубиството на неговата сопруга и децата. Сестрата на Алма Арази во полиција изјавила дека Ергис систематски ги малтретирал нејзината сестра и децата.

Ергис во петокот пријавил дека неговата сопруга и децата исчезнале претходниот ден.

Албанските медиуми јавуваат дека тој ладно реагирал на откривањето на телото на постарата ќерка и дека на распитот негирал насилство врз децата и неговата сопруга. Наводно за сопругата рекол дека е „ментално болна“ и дека со месеци земала лекови за депресија. Медиумите, пак, наведуваат дека нема докази за такво нешто бидејќи се уште не е пронајден лек или рецепт.

Семејството на Ергис наведува дека тој никогаш не би им наштетил на децата.

– Ги обожаваше децата. Тој никогаш не би им наштетил. Работел по цел ден во мобилна телефонија за да ги испрати во приватно училиште – изјавиле од семејството за Топ чанел и тврдат дека Алма долго време земала лекови поради нејзината нестабилна емоционална состојба.

Телевизијата News24 неофицијално јавува дека Елгис неодамна поднел барање за развод од сопругата поради вонбрачни афери кои ги имал.

Се испостави и дека Ергис и е познат на полицијата по трговија со дрога, додека мајката на младиот човек, кој беше убиен пред три години, јавно го обвини дека стои зад ликвидацијата на нејзиниот син, пишуваат албанските медиуми.