Промо тв Серии

ТЕЛОХРАНИТЕЛ – мини серија

Воениот ветеран Дејвид Бад наоѓа работа како полициски наредник во Метрополитен полициската служба во Лондон, во огранокот за кралско семејство и специјалистичка заштита. Тој е назначен да ја заштити министерката за внатрешни работи, пратеничката Џулија Монтег, контроверзна и амбициозна политичарка која еден од нејзините помошници ја опишува како „социопат“ и која има планови да воведе инвазивни нови овластувања за надзор на безбедносните сили. Согледувајќи дека има сосема спротивни ставови за политиките и личноста на Монтег, справувајќи се со физичките и психолошките лузни од времето кога служел во Авганистан, нестабилниот Бад е растргнат помеѓу своите верувања и неговата должност да ја заштити министерката.

Оваа британска ТВ серијата привлекува внимание кон контроверзните прашања како што се владиното следење на приватните информации и нивното регулирање, политиката на интервенција и тероризам.

Беше дочекана со признанија од критичарите, особено за изведбата на Маден, доби бројни номинации за награди, вклучувајќи ја и наградата Златен глобус за најдобра драмска телевизиска серија, а Маден ја освои наградата Златен глобус за најдобар актер во драмска телевизиска серија. На 71. Primetime Emmy Awards, серијата беше номинирана за извонредна драмска серија.

Првата сезона има шест епизоди, а во подготовка е и втора сезона.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

БАПТИСТ- сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

РУДНИЦИ НА СТРАСТА – НАСКОРО

Дејан Дејан

НИШТО ВАЖНО – сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе