(Видео) Драматична снимка од спасување во Минесота, маж беше заглавен во запален автомобил

Група луѓе успеале да скршат запален автомобил и да спасат маж заробен во возилото, а драматичниот момент на спасувањето во Минесота беше снимен.

На видеото се гледа група луѓе околу автомобил зафатен од пламен. Тие очајнички се обидуваат да ја отворат вратата пред некој да го скрши прозорецот на возачот и потоа да го повлече на безбедно.

Инцидентот се случил минатиот четврток околу 18 часот и 30 минути.

Властите соопштија дека хондата скршнала надесно и удрила во столб од светло, а потоа и во заштитна ограда пред да се запали, создавајќи чад и голем пожар.

Возачот потоа бил пренесен во болница, но не се здобил со сериозни повреди.

Текстот (Видео) Драматична снимка од спасување во Минесота, маж беше заглавен во запален автомобил е превземен од МАКФАКС.